Connect with us

Други спортови

Зошто никој не ја кажува вистината за Шумахер?

Вебер, кој го предводеше Шумахер до врвот во Формула 1, во меѓувреме го направи еден од најбогатите европски спортисти, вели дека фановите заслужуваат повеќе.

„Навистина е несреќно што навивачите не знаат за неговото здравје. Зошто веќе не ја кажат вистината?“, изјави Вебер за ТЗ.

Шумахер доби сериозна повреда на мозокот при пад на скијање во декември 2013 година и оттогаш неговото семејство се грижи да не излезе никаква информација за неговата состојба, и наместо тоа, се бори на суд со тие што објавуваат негативни извештаи во медиумите.

Магазинот „Бунте“ оваа година плати отштета од 50.000 евра на семејството за написот во кој тврдеа дека Шумахер може да оди. Последните шпекулации велеа дека се планира преселба на Шумахер во Тексас, САД, каде што би одел на третман кај специјалист за повреди на главата.

Ова не е првпат Вебер да побара повеќе информации.

„Семејството Шумахер не ја кажува целата вистина за неговата состојба. Сопругата на Шумахер, Корина, спречува да имам каков било контакт со него. Се обидов десетина пати да добијам дозвола за посета“, додава Вебер.