Connect with us

Други спортови

Зверев во финалето во Вашингтон

Германскиот тенисер Александер Зверев влезе во финалето на АТП турнирот во Вашингтон.

Талентираниот тенисер во еден час и 29 минути го совлада грчкиот тенисер Стефанос Циципас со 6:2, 6:4.

Третиот играч на светот и првиот носител на овој турнир лесно го добија првиот сет, но во вториот, сепак Гркот се држеше подобро.

Во деветтиот гем имаше брејкови,аи тогашниот германецот ја искористи четвртата можност за брејк и го одземе сервисот на ривалот, а потоа сигурно сервираше за влез во финалето.

Во финалето, Зверев ќе игра против подобриот од Де Минаур – Рублев. Русинот до дуелот со Де Минаур дојде по лесни 2:0 против Денис Кудла во четврт-финалето.