Connect with us

Фудбал

Ѕвездата на Манчестер Сити најави голем можен штрајк на најдобрите фудбалери на денешницата, а ова е причината!

Последниве години календарот од една сезона што го имаат фудбалерите е се попреполн со обврски кои треба да ги исполнат во поголемиот дел од годината.

Поради ова, фудбалерите се почесто излегуваат во јавноста протестирајќи против се повеќе натпревари, а последен во низата е Шпанецот Родри, играчот од средниот ред на Манчестер Сити. Родри најави можен голем штрајк на најдобрите фудбалери на денешницата, а поддршка во тоа му даде првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас.

-Мислам дека сме блиску до тоа“, најави Родри во последната изјава за јавноста и рече дека е лесно да се разбере зошто.

-Лесно е да се разбере зошто. Прашајте кој било играч и тој ќе ви го каже истото. Ако продолжи вака, ќе дојдеме до точка каде што едноставно немаме повеќе избор. Тоа е нешто што не загрижува. Некој мора да се грижи и за нас, затоа што ние сме главните ликови во овој спорт, не е се во парите, вели најдобриот играч на ЕП кое се одигра летово.

Како добар пример за тоа што им прави на фудбалерите напорниот распоред, тој го даде својот соиграч Ерлинг Халанд, кој има беспрекорен почеток на сезоната. Родри вели дека тоа меѓу другото е и затоа што Халанд летово немал никакви обврски со репрезентацијата.