Connect with us

Фудбал

12 среќници кои во кариерата играле во ист тим со Роналдо и Меси

Многу фудбалери играле против Кристијано Роналдо или Лионел Меси. Многу исто така имале шанса да бидат во ист тим со еден од овие двајца. Но, сепак постојат само 12 фудбалери кои во нивната кариера имале ретка можност да играат во ист тим и со Роналдо, но претходно или подоцна и со Меси. Овие двајца се најдобри на денешницата во овој спорт, а меѓу најдобрите на сите времиња.

Ова се 12-те среќници.

Жерар Пике – Со Лионел Меси во Барса, со Роналдо во Манчестер Јунајтед

Анхел Ди Марија – Со Лионел Меси во селекцијата на Аргентина, со Роналдо во Реал Мадрид

Андре Гомес – Со Лионел Меси во Барселона, со Роналдо во селекцијата на Португалија

Фернандо Гаго – Со Меси во селекцијата на Аргентина, со Роналдо во Реал Мадрид

Пауло Дибала – Со Меси во селекцијата на Аргентина, со Роналдо во Јувентус

Гонзало Игуаин – Со Меси во репрезентација, со Роналдо во Јувентус

Карлос Тевез – Со Меси во репрезентација, со Роналдо во Манчестер Јунајтед

Нелсон Самедо – Со Меси во Барселона, со Роналдо во репрезентација

Хенрик Ларсон – Со Меси во Барселона, со Роналдо во Манчестер Јунајтед

Езекил Гарај – Со Меси во Њуелс Олд Бојс (младински категории), во репрезентација на Агентина, со Роналдо во Реал Мадрид

Деко – Со Меси во Барселона, со Роналдо во репрезентација

Габриел Хајнце – Беше соиграч на Роналдо три години во Манчестер Јунајтед и колега на Меси во селекцијата на Аргентина.