Тајмаут
Види го ти него, Шеикот Новак Ѓоковиќ -Кралот на пустината (ФОТО)
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изминативе денови ги мина во Ријад, Саудиска Арабија, на егзибицискиот турнир „Six Kings Slam“, а по тој повод направи и интересна „фотосесија“ која ги воодушеви Саудијците. Имено, Ѓоковиќ позираше во нивната традиционална носија на неколку локации, по што на социјалните мрежи продолжија симпатичните коментари како „Шеик Новак“, „Крал на пустината“ и слично. Ѓоковиќ се покажа како многу активен во кампањата за промоција на тенисот во Саудиска Арабија и на овој начин дополнително ја промовираше самата земја, а нема сомнеж дека беше богато награден како Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои се туристички амбасадори на Саудиска Арабија. .
Турнирот „Сикс Кингс Слем“ немаше натпреварувачко значење и не носи бодови за АТП листата, но на Саудијците не им беше тешко да ги привлечат „кралевите“ бидејќи победникот Јаник Синер однесе дома шест милиони долари, што е најголемата парична награда во историјата на тенисот. Секој од тенисерите само со доаѓањето на овој турнир заработи по најмалку 1,5 милиони американски долари, а покрај Синер и Алкараз, на турнирот учествуваа и Даниил Медведев, Холгер Руне, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.