Connect with us

Фудбал

135.000 луѓе на едно место: Сите знаат за култниот стадион, само малкумина ќе го препознаат

Тоа беше едно од најголемите гостувања во историјата на фудбалот, барем кога се во прашање официјалните податоци.

Беше 1987 година. На најголемиот натпревар на португалскиот фудбал дојдоа 135.000 луѓе. Бенфика беше домаќин на Порто на култниот „Ла Луз“.

На крајот, „орлите“ го добија натпреварот со 3:1 и станаа шампиони на Португалија, а интересно е што истата година Порто стана европски првак победувајќи го Баерн во финалето на тогашниот европски куп.

„Ла Луз“ е еден од митските стадиони на фудбалската игра. На него играа бројни ѕвезди и на португалскиот и на европскиот фудбал.

Во споредба со сега веќе легендарниот дуел против Порто од пред 35 години, тој значително се промени. Поточно поранешниот стадион беше целосно урнат.

На местото на стариот е изграден нов и значително помодерен стадион. Отворен е во 2003 година за потребите на Европското првенство во 2004 година. Неговиот капацитет е 65.000 седишта.

Тој со години е домаќин на големи и важни натпревари, па само во последните десет години беше домаќин на две финалиња во Лигата на шампионите, првото во 2014 година и последното во 2020 година.