Тајмаут
По речиси 15 години, Ѓоковиќ ги прекрши правилата и јадеше баница, се ближи ли крајот на кариерата?!
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се опушти во Бугарија и проба баница, нивната традиционална пита, што предизвика загриженост кај неговите фанови.
Novak Djokovic eating Bread after 15 years and after completing Tennis.
Finally his Gluten fast has ended. pic.twitter.com/avCduPtTiA
— SK (@Djoko_UTD) September 18, 2024
Ѓоковиќ учествуваше на егзибициски турнир во Бугарија, каде одлично се забавуваше и на некој начин паузираше од тенисот. Домаќин му беше Григор Димитров, кој сакаше на најдобар можен начин да му ја приближи Софија и го одведе да проба баница. Но, фановите забележаа еден детал. Новак Ѓоковиќ поради својата диета избегнува да јаде какво било тесто, а сега направи неочекуван исклучок.
Токму поради оваа одлука, голем дел од неговите фанови сметаат дека српскиот тенисер никогаш не е поблиску до одлуката да се повлече од тенисот како најдобар светски тенисер со 24 Грен слем титули. Да потсетиме, Новак е на споменатата диета од 2011 година кога забележал дека глутенот му пречи и оттогаш почнале неговите неверојатни тениски резултати.
„Не сум на специјална диета за тенис и за да победувам во натпревари, туку затоа што е добра за моето тело. Таа диета е одраз на мојот начин на живот. Нема да се откажам од неа бидејќи повеќе не ми е приоритет да победувам , освојувај титули и биди најдобар во светот“, вели Ноле во едно интервју.