Поврзи се со нас

Фудбал

150-от погодок на Суарез во Примера му донесе победа на Атлетико во Виго

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез игра одлично на почетокот на сезоната во дресот на неговиот нов Атлетико.

Суарез постигна два гола во своето деби за Атлетико, а вечерва ја собори Селта Виго со својот трет погодок.

Тој го совлада голманот на Селта во шестата минута по центаршутот на Санчез и донесе водство од 1:0, па ја обезбеди втората победа на Атлетико Мадрид во четири првенствени натпревари оваа сезона.

Сепак, кога сè беше готово, Караско постигна гол за 2:0 и само го потврди триумфот на Атлетико.

Поранешниот напаѓач на Барселона постигна вкупно 150 погодоци во Примера. За Атлетико три и секако преостанатите 147 во дресот на Барселона од кои тешко се раздели ова лето, но едноставно тренерот Роналд Куман не го посакуваше.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама