Connect with us

Фудбал

Шок за германските навивачи, одлуката променета, Бундеслигата нема да почне на 9-ти мај

Германската влада донесе одлука дека Бундеслигата нема да продолжи на 9-ти мај. Иако клубовите и раководството на лигата се договорија елитата да продолжи на овој датум, сепак владата на чело на канцеларката Ангела Меркел ја поништи таа одлука.

Поради зголемениот број на заразени со коронавирусот донесена е одлука дека сезоната не може да продолжи пред 16-ти мај. Новиот состанок е закажан за следната среда каде ќе се разгледаат новите можности.

Клубовите ќе продолжат со тренинзи, а кога ќе биде донесена конечна одлука да продолжи сезоната фудбалерите и сите во тимот ќе бидат задолжени да прават најмалку по два теста.