Фудбал
Румениге: Можеби Алкантара сака да игра за врвен клуб во Англија
Тијаго Алкантара, играч на Баерн, долго време се поврзува со напуштање на германскиот шампион.
Договорот на овој фудбалер со гигантот од Минхен истекува следната сезона, а голема е веројатноста тој да го напушти клубот ова лето за одредена сума пари.
Ваквите наводи ги потврди и Карл-Хајнц Румениге, кој за „АЗ“ изјави:
„Тијаго сега има 29 години, тој наскоро ќе биде 30. За него ќе биде се потешко и потешко во иднина да се најде во врвен клуб во Европа каде ќе игра. Затоа мора да имате разбирање. Тој играше за врвен клуб во Шпанија, за врвен клуб во Германија и можеби сака да оди и да игра за врвен клуб во Англија“.
По зборовите на Румениге, може да се заклучи дека Алкантара ќе ги одигра своите последни натпревари за Баерн во Лисабон, на крајот од Лигата на шампионите. Неговиот тим ќе се натпреварува со неговиот поранешен тим Барселона во четвртфиналето.
После тоа, тешко е да се каже каде ќе продолжи неговата кариера, но најмногу спомнат беше потенцијалниот потег во Ливерпул. Тренерот на „црвените“, Јирген Клоп е воодушевен од играчот од средниот ред, но двата клуба не можат да се договорат за цената на играчот. Баерн ја постави цената на 30 милиони, додека Ливерпул не сака да плати толку многу за играч во последната година од договорот, а исто така и за играч склон на повреди.