По првите 45 минути Баерн води 4:1 против Барселона и само чудо може да ги спречи Баварците да дојдат до полуфиналето на Лигата на шампионите.
Баерн прилично многу ги „скрши“ Каталонците иако тие исто така имаа неколку големи шанси да постигнат уште неколку голови.
Интересна ситуација се случи на трибините на кои седат резервните играчи на двата тима. Во центарот на вниманието беше Бразилецот Филипе Кутињо, кој е на позајмица од Барселона во Баерн.
По четвртиот гол на Баерн, Кутињо беше подготвен да започне да слави, но се чинеше дека во последен момент се сети дека се уште е под договор со Барса, па го награди голот само со аплауз.