Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Кике Сетиен доби отказ од Барселона!

После срамниот пораз што го претрпе во ЛШ против Баерн, тој само го чекаше моментот кога ќе биде официјално отпуштен.

Пред неколку минути на официјалниот профил на Твитер на Барселона беше објавено дека Кике Сетиен не е повеќе тренер на Барселона.

„Кике Сетиен не е повеќе тренер на Барселона. Новиот тренер ќе биде претставен во наредните денови“, стои во објавата на официјалната страница на Твитер на Барселона.