Connect with us

Фудбал

Манџукиќ се враќа во Италија

Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ би можел да направи одличен трансфер ова лето. Имено, Манџукиќ е поврзан со Рома, а „Тутопорт“ тврди дека контактите се веќе остварени.

Наведено е дека се започнати разговори за договорот и дека желбата на Рома е јасна.

Манџукиќ би бил замена заЕдин Џеко, кој наводно би можел да ја напушти Рома во наредните денови.

Хрватскиот напаѓач би побарал двегодишен договор, а по сезона би добил четири милиони евра плус бонуси.

Тој се врати од Катар, каде брзо ја прекина соработката, а претходно го носеше дресот на Јувентус и освои четири шампионски титули.