Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Таткото на Меси пристигна во Барселона, денеска е денот Д

Жорге Меси, татко на аргентинскиот фудбалер, кој воедно е и негов менаџер, пристигна во Барселона. Во текот на денот ќе има средба со првиот човек на Барселона, Жозеп Бартомеу. Денеска е клучниот ден. Ќе се знае дали Меси ќе остане или ќе замине од каталонскиот тим каде помина 20 години или целата своја кариера.

Според шпанските медиуми, таткото на Меси доаѓа со предлог за пријателска средба, а од друга страна, пак, Бартомеу инсистира на разговор само за нов договор, се останато е неприфатливо за нив. Единствената опција Меси да замине е да се плати обештетувањето од 700 милиони евра.