Фудбал
Меси со емотивна порака се прости од Видал, а тој веднаш остави коментар
Артуро Видал пристигна во Милано вечерва на лекарски прегледи и утре официјално ќе биде претставен како ново засилување за Интер.
Чилеанецот ја напушти Барселона по две сезони откако Роналд Куман му рече дека нема да смета на него. Видал одлучи кариерата да ја продолжи во Интер, со кого треба да потпише тригодишен договор.
Тој пристигна во Милано вечерва, а Интер објави фотографија и видео на официјалната веб-страница, што докажува дека кариерата ќе ја продолжат во клубот од Меаца.
Лионел Меси прв се прости од Видал, кој испрати емотивна порака до Чилеанецот. Меси и Видал се во многу добри односи, а тоа најдобро го покажува пораката на Меси на Инстаграм.
„Те познавав само од меѓусебни дуели и секогаш ми беше феномен, но тогаш имав среќа да се запознаам и уште повеќе ме изненади. Во овие две години споделивме многу и ти остави свој белег. Ќе ни недостигаш. Ти посакувам се најдобро во новата фаза со новиот клуб. Повторно ќе се сретнеме, сигурно“, напиша Меси, а Видал му остави коментар.
„Ти благодарам Лео, кој вонземјанин си. Ми беше чест да играм со најголемиот во историјата и многу ти благодарам за пријателството. Ќе ми недостасуваш, но ќе се видиме наскоро“.