Фудбал
Лампард го потврди доаѓањето на Менди и откри кој го имал главниот збор за трансферот
Прашање на време беше кога Менди ќе го замени дресот на Рен со дрес на Челзи и сè наскоро треба да стане официјално.
Ова го откри и тренерот на Челси, Френк Лампард на последната прес-конференција.
„Тој ги поминува медицински прегледи во моментов. Сè ќе заврши наскоро. Кепа доби здрава конкуренција и на нив е да се борат за позицијата“, рече Лампард.
Тој исто така откри кој ја одиграл главната улога во донесувањето на овој голман од Рен.
„Чех имаше големо влијание. Тој беше најдобриот голман на светот, и тој многу добро знае што ни треба и му дозволивме да одлучи“, заклучи Френк Лампард.
Останува да се види дали ова значи дефинитивен крај за Кепа во Челси или тој сепак ќе добие шанса да брани.