Фудбал
Марсеј има докази против Нејмар, на Бразилецот му се закануваат дури 20 натпревари суспензија?
Тимот од Марсеј за „АФП“ потврди дека има докази дека Нејмар расистички го навредувал Јапонецот Хироки Сакаи за време на натпреварот.
Француското дерби е одамна завршено, но страстите не стивнуваат. Потсетуваме, на крајот од натпреварот во која Марсеј неочекувано победи со 1:0, дојде до голема пресметка на крајот од натпреварот и беа исклучени пет играчи, а потоа дополнително беа казнети и со суспензии од неколку натпревари.
Еден од актерите беше Нејмар, кој го обвини Алваро од Марсеј за расистичко навредување, а тоа го потврдија и експертите за читање од усни. Сега од Марсеј, слични обвинувања се упатени кон Нејмар, тврдејќи дека тој го нарекол нивниот играч Сакаи „кинеско ср*ње“.
Тие пронајдоа аудио материјали и секвенци кои можат да докажат дека Нејмар му рекол на Сакаи за време на мечот, за што Бразилецот би бил драстично казнет.
Ако сè се докаже, тој се соочува со 20 натпревари суспензија, што ќе биде рекордна казна за Лига 1.