Connect with us

Фудбал

Расте бројот на заразени во Интер, дербито со Милан под знак прашалник?!

Во тимот на Милан двајца фудбалери се позитивни на Ковид 19, Ибрахимовиќ и Дуарте кои веќе десетина дена се во изолација, а новите тестови повторно покажале дека се позитивни.

Но, бројот на заразени во Интер расте. Пред само два дена беше објавено дека Бастони и Шкриниар се позитивни, а денеска потврдена е информација за Гаљардини и Наинголан. Интер и Милан треба да го одиграат градското дерби на 17-ти октомври, веднаш по репрезентативната пауза, но доколку продолжи бројот да расте, секако ќе биде доведено под знак прашалник.

Правилата велат дека еден меч може да се одложи доколку една од екипите нема доволен број на фудбалери.