Фудбал
Италијанскиот клуб моли за помош: Мора да игра со јуниорите
Џенова е клубот најпогоден од коронавирусот. Заразени се дури 20 играчи, поради што овој тим од Серија А има големи проблеми.
Целиот тим замина во изолација, не може да се тренира нормално, а тренерот Роландо Маран тешко може да состави тим за следниот натпревар.
Само мала помош за Џенова е што дојде репрезентативната пауза, но против Верона за околу 10 дена, Џенова ќе биде принудена да игра со резерви.
„Против Верона ќе играме со играчи од младинскиот тим бидејќи немаме друго решение. Не можеме да продолжиме вака. Затворете ги сите тимови под некое стаклено ѕвонче, изолирајте не и дозволете ни да играме така затоа што вака нема смисла“, изјави спортскиот директор на Џенова, Даниеле Фаџано.
Џенова досега одигра два натпревари во новата сезона во Серија А. Тие го совладаа Кротоне со 4:1, а потоа загубија од Наполи со 6:1 на 27 септември.