Фудбал
Официјално: Кристијано Роналдо под истрага
Италијанските власти започнаа истрага за Кристијано Роналдо и за неговото прекршување на здравствените протоколи. Да потсетиме, фудбалерот на Јувентус доби позитивен тест за време на настапот за Португалија во Лигата на нации. Но, само три дена остана во изолација во родната земја, а потоа со специјален авион допатува во Торино, а сега во моментов е во изолација во неговиот дом во овој град.
Министерот за спорт на Италија Винченцо Сподафора кон средината на овој месе збесна поради потегот на Роналдо обвинувајќи го дека довел во опасност многу луѓе со неговиот потег, вклучително и неговото семејство. Кристијано потоа се правдаше дека немал контакт со никого, ниту со неговото семејство,бидејќи живеат на одвоено спратови во куќата.
Сепак, италијанските власти покренаа истрага, па доколку се утврди дека Роналдо ги прекршил протоколите ќе се соочи со казна.