Фудбал
Лоши вести за Милан пред вечерашното дерби со Рома: Петтмина заразени со Ковид 19
Милан е лидер на табелата во Серие А, а вечерва го игра петтиот натпревар од новата сезона и тоа против Рома. Немаат пораз „Росонерите“, но најновите информации и тоа како можат да наштетат на тимот. Според италијанските медиуми петтмина членови на Милан се заразиле со Ковид 19, односно имаат позитивен тест. Станува збор за голманот Донарума, потоа Јанс Питер Хауге, но и тројца членови на стручниот штаб, чии имиња не се познати. Сите се асимтоматски случаи, но мора да одат во карантин. Милан направи дополнителни тестови, сите беа негативни.
Comunicato Ufficiale ➡ https://t.co/QMpHwRDXVK#SempreMilan pic.twitter.com/lYxqUc2EW3
— AC Milan (@acmilan) October 26, 2020