Фудбал
Рамос го одбил Реал Мадрид?!
Реал Мадрид му понудил нов едногодишен договор на капитенот Серхио Рамос, кој ја одбил ваквата понуда, пишуваат шпанските медиуми. Јасно е дека Рамос не сака да мрда од „Кралскиот“ клуб, но сепак нема намера ниту да попушти на своите барања. Како што тврдат шпанските медиуми неговата желба е нов двегодишен договор, што секако на Флорентино Перес не му се допаѓа, но нема заеднички јазик ниту околу финансиите.
Како што е познато пред извесно време платите, меѓу кои и онаа на Рамос беа намалени за 20 отсто поради коронакризата.
Договорот на капитенот со Реал Мадрид му истекува на крајот од оваа сезона.