Фудбал
Проблеми за Конте, против Реал Мадрид без големата деветка
Тренерот на Интер, Антонио Конте синоќа доби лоши вести. Големата деветка, или најдобриот играч Ромелу Лукаку има истегнување на мускулот, па треба да има нови тестирања, но она што е сигурно е дека утре вечер нема да настапи против Парма.
Информациите од Италија велат дека Лукаку нема да може да настапи ниту во клучниот меч во Лигата на шампионите против Реал Мадрид кој се игра следната недела, поточно во вторник. Со оглед на тоа дека Интер ремизираше на првите два меча од групната фаза против Менхенгладбах и Шахтјор, пораз од Реал ќе значи и крај на надежите за пласман во нокаут фазата, иако секако се уште е рано такво нешто да се процени. Сепак, со само два бода во продолжението ќе биде многу тешко бидејќи ќе бидат потребни победи на секој меч.