Фудбал
ВИДЕО: Кој друг ако не Ибрахимовиќ, „магија“ за победа на Милан
Ибрахимовиќ го постигна седмиот гол сезонава, прв стрелец е во лигата, а неговиот Милан е лидер со 16 бодови. Попладнево славеа со 2:1 на гостувањето кај Удинезе, а токму Швеѓанецот со гол со ножички во 83-та му донесе нова победа на својот тим.
Претходно во 18-та минута на асистенција на Ибрахимовиќ, Кеси му донесе водство на Милан, но во 47-та Де Паул од пенал израмни на 1:1. Сепак, Швеѓанецот и на овој меч покажа колку е важен за Милан оваа сезона.
Инаку, македонскиот интернационалец Несторовски не одигра ниту една минута на овој натпревар.