Фудбал
Селекторот на Шведска му ја отвори вратата на Ибрахимовиќ, но има еден услов…
Пред извесно време Злаан Ибрахимовиќ објави фотографија во националниот дрес, а кога го прашаа зошто го сторил тоа, тој изјави за да ги нервира Швеѓаните. Сега, селекторот на Шведска селекторот Андерсон беше запрашан за Ибра, со кого не се во добри односи. Токму во 2016-та Ибрахимовиќ се повлече, кога Андерсон беше селектор.
-Ибрахимовиќ може да прави што сака на социјалните мрежи, изјави Андерсон, притоа додавајќи:
-Сега се зависи од него. Ако сака да игра занационалниот тим тогаш мора да се предомисли и тоа јасно да го каже. Тогаш би прифатил. Би лажел ако би рекол дека ме изненадува неговата форма, но импресионирам сум од тоа како успева да ја одржи гладта за успехот. Тој е одличен спортист, убедливо најдобриот шведски фудбалер на сите времиња, вели Андерсон.
Останува да се види дали навистина Ибра ќе се предомисли и дали ќе се најде во составот за ЕП следната година.