Фудбал
Каква тага, синот на Марадона не може на погребот на својот татко и тој е во болница
Диего Марадона Џуниор се обидува со сите сили да ја напушти болницата во Неапол за да може да присуствува на погребот на својот татко. Тој е хоспитализиран пред неколку дена поради влошување на здравствената состојба како последица на коронавирусот, а според светските медиуми побарал итно да биде отпуштен за да може да присуствува на погребот.
Сепак, со оглед на тоа дека се уште е заразен со коронавирусот, а протоколите се јасни, останува да се види дали ќе му биде дозволено да замине во Аргентина и да го испрати својот татко во вечното почивалиште.