Connect with us

Фудбал

Фудбалерката која одби да му одаде почит на Марадона и го нарече педофил и силувач, сега добива смртни закани

Шпанската фудбалерка, 24-годишната Паула Дапена тврди дека добива смртни закани. Причина за ова е тоа што пред неколку дена одби да му одаде почит на Диего Армандо Марадона. Сите нејзини соиграчки за време на пријателски меч стоеја мирно на минута молчење, но таа седна на тревата и го сврте грбот.

Сега тврди дека добива смртни закани од фановите и обожавателите на Марадона. Воедно ја откри и причината поради која одби да му одаде почит и го нарече Марадона педофил и силувач.

-Кога дознав дека ќе има чин во негово сеќавање, одбив да стојам една минута за силувач, педофил и насилник. Само пред три дена имаше меч за време на Интернационалниот ден против насилство над жените и немавме минута молчење. Марадона беше спортист со спектакуларен фудбалски талент, но за да се оддава почит на некого, тој треба да има и вредности повеќе од способносите, изјави 24-годишната фудбалерка.