Connect with us

Фудбал

Платен 115 милиони евра, постигна само два гола, а паузира 270 дена, тоа е Еден Азар

Белгискиот репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид ќе паузира најмалку три недели по новата повреда. Ова е осма повреда откако потпиша за шпанскиот тим. Тој во 2019-та летото за 115 милиони евра се пресели од Челзи во Мадрид и дојде како екстра засилување. Сепак, од тогаш, па до денеска одигра само 19 мечеви и постигнал само два голови. Тој повторно се повреди, паузата нема да биде долга, но прецизните Шпанци пресметале дека откако Азар пристигнал во Реал Мадрид вкупно паузирал 270 денови.

Досега Азар пропуштил 36 мечеви поради повреда, а по опоравувањето од оваа нова повреда, тој број сигурно ќе биде над 40. Поради повреда отсуствуал дури 253 денови, а со оглед дека прогнозите се дека ќе следува пауза од три недели, тоа ќе значи дека Белгиецот 270 денови вкупно не бил достапен за тренерот Зинедин Зидан.