Фудбал
Трајковски: Ќе бидеме убаво изненадување на ЕУРО 2021
Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски во интервју за Хотспот зборуваше за неговата кариера, за настапот во Палермо, во Мајорка Шпанија, но секако и за репрезентативниот фудбал, кој го доживеа најголемиот успех и за прв пат во историјата се пласираше на Европско првенство.
-Сметам дека имаме голем квалитет. Исто така верувам дека ќе бидеме убаво изненадување на претстојниот шампионат на Европа, вели Трајковски.
Трајковски вели дека чувството за пласманот на ЕП е неописливо.
-Сон на секој фудблер е еден ден да биде дел од такво големо натпреварување. Мило ми е што сум дел од генерацијата која успеа за прв пат во историјата да ја однесе репрезентацијата на ЕП и горд сум што успеавме да го израдуваме нашиот народ, вели Трајковски.