Connect with us

Фудбал

Првиот човек на Барселона: Би го продал Лионел Меси, од економски причини!

Вршителот на должноста претседател на Барселона, односно привремен прв човек на тимот до изборите, Карлес Тускетс изјави во интервју дека од економски причини би го продал Лионел Меси минатото лето за да ја спаси финансиската состојба на клубот. Како што вели тој ситуацијата е лоша и платите на фудбалерите ќе доцнат во наредниот период.

Од економски аспект вели тој продажбата на Меси ќе значеше многу, освент неговата голема плата, парите од продажбата би донеле стабилност.

Ако ја погледнеме економската страна, јас би го продал Меси. Кога ќе погледнете што ќе добиевме и што можевме да спасиме. Ла Лига има ограничувања за платите, вели Тускетс.

Тускетс вели дека фудбалерите на Барселона имаат две исплати годишно, во јануари и во јуни. Но, во јануари 2021 нема да ги добијат парите, ќе доцнат, а како што самиот изјави, веќе се запознаени сите за ова.