Connect with us

Фудбал

Герет Бејл чекаше 10 години и дочека!

Велшкиот репрезентативец Герет Бејл, кој игра како позајмен од Реал Мадрид во Тотенхем вечерва постигна гол за англискиот тим во ремито од 3:3 на гостувањето кај Ласк. Тој стрелаше од белата точка, а интересно е тоа што за Бејл ова е прв гол на гостински терен во европские клупски купови (ако не се сметаат квалификациските циклуси, само групна фаза) по пауза од 10 години и 44 денови. Последен пат беше стрелец против Интер пред 10 години во Милано кога постигна три голови. Тој меч заврши со 4:3 за Интер.