Фудбал
Еден човек се уште го лажат за смртта на Марадона, му кажуваат дека антената не работи за да не гледа вести
Иако целиот свет се прости од легендарниот Диего Армандо Марадона, сепак една личност, која му беше блиска, се уште не знае за неговата смрт. Поранешниот селектор Карлос Биљардо не знае дека неговиот миленик починал. Семејството крие од него.
– Му пуштаме „Нетфликс“ да гледа серии за Пабло Ескобар и го лажеме дека антената не работи за да може да гледа нормални ТВ-канали. Но, свесни сме дека порано или подоцна ќе мора да ја дознае болната вистина, вели неговиот брат Хорхе.
Биљардо многу го сакаше Марадона, тој е првиоит кој му ја даде капитенската лента, а каде и ода одеше го носеше со него. Како што пишуваат аргентинските медиуми, Марадона му бил како син, кој никогаш го немал.
Марадона почина пред 10 дена, во својот дом од срцев удар. Обвинителството во Аргентина покрена истрага за неговата смрт, а досега како осомничени за небрежност се двајца доктори.