Connect with us

Фудбал

Стартува новото натпреварување на УЕФА, Македонија со три претставника, финалето во Тирана

Од следното лето стартува новото натпреварување на УЕФА, кое ќе се вика УЕФА конференциска лига. Македонија досега имаше по четири претставници во квалификациите за Лигата на шампионите (1) и квалификациите за Лига Европа (3).

Но, поради слабиот коефициент, од следната сезона Македонија нема да има претставник во Лига Европа, туку освојувачот на Купот и второпласираната и третопласираната екипа ќе играат во УЕФА конференциска лига.

Ова натпреварување ќе се игра како системот во Лигата на шампионите. Ќе учествуваат 32 екипи,  осум групи по четири тимови. Првите две ќе се пласираат во следната рунда, додека третопласираните ќе играат баражи. Во оваа лига нема да играат тимовите од земјите кои се на листа подобропласирани од 15-то место според клупските коефициенти. Што значи дека ќе ги нема европските гиганти од Англија, Италија, Франција, Германија, Шпанија, па тука се тимовите од Украина, Русија, Холандија, Белгија, Турција, Данска и Кипар.

Ќе учествуваат тимови од Србија, Хрватска, Грција, Бугарија, Шведска, Норвешка, Македонија, Израел, Албанија, Грузија, Финска, Косово и  тн.

Вкупниот награден фонд е 240 милиони евра, што секако е помалку во однос на Лигата на шампионите и Лига Европа.

Македонските клубови ќе тргнат од квалификациите, треба да поминат три кола и плеј оф. Ако го поминат ова, ќе играат во групната фаза.

Ова натпреварување е создадено нешто слично по принципот на Лигата на нации, за да им се даде можност на помалите земји и екипи меѓусебно да се изборат за некаков поголем успех. Доказ за тоа е и пласманот на Македонија на ЕП следната година.

Веќе е одредено, финалето на првата сезона ќе се игра во Тирана.