Connect with us

Фудбал

Милан сезонава е неверојатен, па дури и без Ибрахимовиќ

Осма победа сезонава од 10 мечеви, ова е билансот на Милан во новата сезона. Вакво нешто „Росонерите“ не постигнале уште од далечната 1954-та година, кога имаа девет победи во исто толку одиграни кола. Ако се суди според стартот на сезоната, тогаш традицијата вели дека Милан ќе освои титула.

Иако многумина мислеа дека тимот ќе „падне“, пред се поради малиот фонд на квалитетни играчи за ротација поради густиот распоред, но и поради тоа што Ибрахимовиќ се повреди, сепак тимот на Пиоли реди победи.

Последен пат Милан се радувал на титула во сезоната 2011 година.