Фудбал
Македонија вечерва ги дознава противниците, тука можете во живо да ја следите жрепката
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во 18 часот ќе ги дознае противниците за квалификациите за Светското првенство 2022 кое ќе се одржи во Катар. Тогаш ќе се одржи жрепката, а МТВ ќе ја пренесува живот, но оние кои не се дома можат да ја гледаат на следниот ЛИНК.

Македонија се наоѓа во „шеширот“ 4, а тоа значи дека противници не можат да и бидат БиХ, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Израел, Луксембург, Грузија и Белорусија.