Фудбал
Крај на голготата за Месут Озил, следниот месец ќе има нов клуб
Месут Озил, иако е најплатен во Арсенал, сепак последниот официјален меч за „Топџиите“ го одиграл во март оваа година. Од тогаш настапи на уште една пријателска средба потоа на два меча беше на клупа, и почна голготата. До денеска воопшто не е во составот на Микел Артета.
Долго време се шпекулираше околу неговата иднина, но сега пристигна информација од Турција. Еден од членовите на раководството на Фенербахче, Мурат Зорлу вели дека се на чекор до негов ангажман.
– Од извори во клубот можам да кажам дека Месут Озил веројатно ќе стане фудбалер на Фенербахче во следниот преоден рок. Би рекол дека сигурноста дека тој ќе ни се приклучи следниот месец е 90, изјаво Зорлу.