Фудбал
ВИДЕО: Еве што точно се случуваше на мечот ПСЖ-Башакшехир, се добро се слуша
Преседан во Лигата на шампионите се случи синоќа на мечот ПСЖ – Башакшехир, каков што досега не е виден. Иако со години наназад УЕФА има кампања „Не на расизмот“, сепак синоќа тоа се случи токму од нивни официјални лица, односно судиите. Четвртиот судија на мечот наречен „негро“ еден од гостинските фудбалери поточно Пјер Вебо и бараше од главниот судија да му се покаже црвен картон поради негови дофрлувања од клупата.
Сепак, следуваше бурна реакција од неговиот соиграч Демба Ба, па мечот беше прекинат, бидејќи фудбалерите одбија да го продолжат. Тој ќе биде доигран денеска во 18:55 часот, а по обработените видеа и засилување на тонот, целата ситуација добро се слуша.