Фудбал
Бил на проба во Реал Мадрид, но не успеал, сега добива пофалби во дресот на Барселона
Младиот, 18-годишен играч за врска Педри минатата сезона пристигна од Лас Палмас во Барселона. Многумина беа скептични и изненадени од овој трансфер. Но, сепак тој полека, но сигурно покажува дека е голем талент. На синоќешниот меч против Реал Сосиедат кој Барселона го доби со 2:1 беше еден од најдобрите.
Сепак, еден потег ги „купи“ навивачите на каталонскиот тим, кога по една контра пожртвувано реагираше и може да се каже дека спречи гол на Сосиедад, а потоа заврши во стативата.
Now, that's brave from 18 year old Pedri ??
.
Commitment Level ❤️#Pedri pic.twitter.com/agpX5GPbma— Mash_ood (@MashoodSha3) December 17, 2020
Некои знаат, а некои не знаат дека Педри пред да заигра за Лас Палмас бил на проба во Реал Мадрид. Сепак, таму сметале дека не е доволно талентиран.
-Бев на проба во Реал и благодарам на личноста која тогаш рече дека не сум доволно талентиран за нив, бидејќи сега играм за клубот за кој одамна сонував. Да завршев во Реал Мадрид ќе ми беше многу чудно да го носам нивниот дрес, бидејќи од секогаш сум фан на Барселона, изјави Педри.