Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Годините се само бројка, среќен роденден Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо денеска полни 36 години. Иако е во залезот на неговата кариера сепак се уште игра во врвна форма. Со него и без него играта на Јувентус не е иста. Италијанскиот шампион на социјалните мрежи му го честиташе роденденот со порака:

-Возраста е само бројка.

Инаку, пред два дена се појавија информации дека Јувентус планира да го продолжи договорот со Португалецот до 2023-та година. Доколку го прифати овој договор и доколку остане до крај во Торино, тоа ќе значи дека ќе се пензионира во овој тим.