Фудбал
ВИДЕО: Осум минути судиско продолжение не му помогнаа на Јувентус да се спаси од пораз во Наполи
Со голот на Лоренцо Инсиње во 31-та минута од пенал Наполи славеше со 1:0 во вечерашната пресметка со Јувентус. Глупоста која Киелини ја направи, удирајќи го сосема непотребно со рака противничкот играч, ги чинеше пораз. По ВАР снимката, судијата покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Инсиње.
Силно напаѓаше Јувентус по ова, дури имаше и осум минути судиско надополнување, но ниту тоа не им помогна да го избегнат поразот. Милан вечерва против Специја, а Интер утре против Лацио имаат шанса уште повеќе да ја зголемат бодовната предност.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 56-та минута. Наполи со оваа победа е четврти со 40 бодови, два помалку од Јуве, седум од Интер и девет од Милан.