Фудбал
ВИДЕО: Блед Наполи, блед Елмас, пораз од Гранада
Елиф Елмас го одигра целиот меч во дресот на Наполи во пресметката со Гранада во рамките од шеснаесетфидналето од Лига Европа. Италијанскиот тим е поразен со 2:0, а ова беше еден од послабите мечеви на Наполи оваа сезона. Во ова бледо издание се вклопи и нашиот Елиф Елмас, кој имаше само една шанса, шут покрај стативата, а во текот на мечот доби и жолт картон.