Фудбал
Како се однесувал Ибра во соблекувалната по поразот од Интер, негов соиграч открива!
Интер го совлада Милан во големото дерби со 3:0 во неделата и направи бодовна разлика од плус четири на лидерската позиција. Иако е се уште многу рано за такви заклучоци, сепак во Италија веќе тврдат дека Интер го добил клучнот меч кој може да значи титула.
Ибрахимовиќ, иако имаше две добри шанси за период од една минута, сепак не успее да постигне гол на овој меч, а тоа пред се благодарејќи на двете фантастични интервенции на голманот на Интер, Самир Хандановиќ.
Многумина ги интерсираше како се однесувал Ибрахимовиќ по поразот во соблекувалната, а тоа го откри неговиот соиграч Кеси.
„Ибра ни кажа дека тоа е фудбалот. Боли секој пораз, но ни кажа дека мора да кренеме глава и да продолжиме посилно од претходно. Пред нас се уште многу натпревари“, кажа Кеси.