Connect with us

Фудбал

Се чини дека е готово, Агуеро заминува на лето, ова се четирите гиганти кои го сакаат во своите редови

Се чини дека дојде крај на соработката помеѓу Манчестер Сити и Серхио Агуеро. Како што пишуваат англиските медиуми по завршувањето на сезоната тој заминува како слободен играч бидејќи му истекува договорот.

Четири гиганти се во трка за неговите услуги. Со дел од нив веќе воспоставил контакт, а англиските медиуми тврдат дека тоа се клубовите на Барселона, ПСЖ, Јувентус и Интер.

Кој ќе успее да го ангажира 32 годишниот напаѓач останува да се види.