Connect with us

Фудбал

Гатузо: Па, ова не е нормално, да го направевме ние ќе не „масакрираа“

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо по елиминацијата од Гранада го критикуваше противникот, со зборовите дека цело време лежеа на теренот, а како што вели да го направеа тие медиумите ќе ги „масакрираа“.

-Во првото полувреме имавме само 16-17 минути активна игра. Тоа не е нормално. А потоа ќе речат дека Италијанците лежат на теренот. Доколку тоа го направеше некој од нашите тимови, ќе ги ставеа на столбот на срамот, ќе бевме на сите насловници во Европа, изјави Гатузо.

Наполи победи на реваншот со 2:1, но сепак Гранада се пласираше во осминафиналето поради победата на домашен терен од 2:0.