Connect with us

Фудбал

Несторовски за победничкот гол против Фиорентина: Тоа ми е работа, да давам голови

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски беше стрелец на единствениот гол со кој Удинезе стигна до важна победа против Фиорентина во трката за бегство од долнио дел од табелата. По подолго време Несторовски беше стартер, а конечно се запиша и во листата на стрелците.

Секој гол е важен за мене, тоа ми е работа – да давам голови. Среќен сум што постигнав гол и што тој беше клучен за трите бода. Победивме и освоивме важни три бода сега сме подалеку од опасната зона, вели Несторовски.