Фудбал
Германија ги враќа ветераните Милер и Хумелс против Македонија?!
Во месец март ќе почнат квалификациите за пласман на СП 2022. Селекторот на германската репрезентација најави враќање во составот на ветераните Томас Милер и Матс Хумелс, но не и за Жером Боатенг. Доколку тоа се случи, тоа значи дека би можеле да ги видиме во германскиот состав на дуелот со Македонија на 31 март, а натпреварот ќе се одигра во Дуизбург. Претходно Германија ќе игра со Исланд и Романија. Во месец март пред дуелот со Германија, Македонија ќе игра против Романија и Лихтенштајн.
Мечот со Романија се игра на 25-ти март, три дена подоцна со Лихтенштајн, а оваа квалификациска рунда се завршува со Гемранија на 31-ви март. Следните репрезентативни мечеви се во месец септември.
Милер и Хумелс последен пат играле за репрезентацијата на Германија пред две години.