Фудбал
ВИДЕО: Лукаку го разигра и Санчез, Интер во пол позиција за титулата
Екипата на Интер продолжи со победите. Со 2:1 како гостин славеше против Парма, со што ја зголеми бодовната предност во однос на Милан на плус 6. Двата гола беа дело на Алексис Санчез кој по подолго време се појави во првиот состав на местото на Лаутаро Мартинез. Но, сепак најзаслужен беше Лукаку, кој иако не постигна гол сепак го „разигра“ Санчез со асистенција. Голот за Парма го постигна Хернани.
Интер е лидер со 59 бодови, пред Милан со 53 и Јувентус со 49.