Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Солскјаер против Гвардиола втор дел, останаа по мечот на теренот

Манчестер Јунајтед со добра игра го победи градскиот ривал и лидер во Премиер лигата, Манчестер Сити со 2:0. Пеп Гвардиола и Оле Гунар Солскјаер имаа вербална расправија кога „граѓаните“ не вратија една топка на Јунајтед.

А, дека тоа беше само во жарот на борбата говори и видеото снимено по мечот. По завршувањето на дуелот двајцата останаа крај аут линијата, со мирни тонови си ја решија ситуацијата.