Connect with us

Фудбал

Барселона сонува, но дали тој сон е реален по поразот од 4:1 на „Камп Ноу“?

Вечерва ПСЖ на домашен терен ја пречекува Барселона во реваншот од осминафиналето од ЛШ. Францускиот првак има огромна предност заработена на првиот меч на „Камп Ноу“ со 4:1. Се чини дека Барселона нема никакви шанси, но Каталонците сонуваат за резултат кој ќе им донесе пласман во четвртфиналето.

Но, сепак иако ситуацијата сега е поинаква, сетете се само на 2017-та година. Пред точно четири години Барселона во Париз загуби со 4:0. Но, на реваншот славеа со неверојатни 6:1 и го елиминираа ПСЖ. Овој резултат беше шокантен за ПСЖ, но беше шокантен и за фудбалската јавност, за навивачите на Барса неверојатен кој ги фрли во транс. Секако тие посакуваат да се повтори 2017-та година и сонуваат за тоа. Дали нивниот сон е реален останува да се види?

ЛИГА ШАМПИОНИ, СРЕДА ОСМИНАФИНАЛЕ

ПСЖ – БАРСЕЛОНА (ПРВ МЕЧ 4:1)

ЛИВЕРПУЛ – ЛАЈПЦИГ (ПРВ МЕЧ 2:0)