Фудбал
ВИДЕО: Кој друг, ако не Бензема, го држи во „живот“ Реал Мадрид
Потешко од очекувањата Реал Мадрид попладнево се справи на домашен терен со Елче против кого славеше со 2:1. Реал губеше од 61-та минута со голот на Калво, но потоа на сцена стапи Карим Бензема. Фрсанцузинот со два гола, првиот во 73-та и вториот во судиското продолжение донесе пресврт и победа на Реал Мадрид, со која „Кралевите“ остануваат во трка за титулата. Имаат 57 бодови, пет помалку од лидерот Атлетико Мадрид.
Standings provided by SofaScore LiveScore